Поранешниот светски број 1, Енди Мареј не е познат како „највеселиот“ човек на светот и покрај тоа што има добра смисла за хумор, и Шкотланѓанецот не потсети со тоа со интересен пост на Инстаграм.
Додека се обидува да се врати на тенисот по операцијата на колкот, Мареј го прослави својот 31. роденден со оваа фотографија и со објава „мразам родендени“. Кратко потоа, тој го смени насловот во „ги сакам родендените“.
Мареј во моментов падна на 45. место на АТП листата, но се надева дека ќе може да се врати за време на сезоната на трева и домашниот гренд слем турнир на Вимблдон.