Кристијано Роналдо по 12 години се врати во Манчестер јунајтед. Португалецот и во вториот мандат на „Олд Трафорд“, на грбот ќе ја носи седумката која е негов заштитен знак.
Единсон Кавани се откажа од овој број, а Премиер лигата го прекрши правилото и му дозволи на Роналдо да го добие омилениот број.
„Скај спорт“, денес објави слика, на која се забележуваа долга редица навивачи, кои пред клупската продавница чекаат да го купат дресот на Роналдо.
Второто деби за Манчестер јунајтед, Роналдо, треба да го има на 11.септември против Њукасл.