Сестрата на Џанлуиџи Буфон, Вероника вели дека „не е време за збогување“, иако сите очекуваат легендарниот голман на Јувентус на утрешната прес-конференција да најави дека се повлекува од спортот.
40-годишниот Буфон доаѓа од спортско семејство и двете негови сестри играа одбојка за италијанската репрезентација.
„Колку повеќе го гледам на теренот, толку помал е впечатокот дека се работи за фудбалер кој е на крајот на кариерата. Јас бев одбојкарка и на 27 години имав 1.000 причини да се пензионирам, но се прашувам колку има Џиџи. Бидејќи има 40? Па што? Зборуваме за човек кој освои седум титули во низа со Јувентус. Џиџи треба да е наследство на УНЕСКО и верувајте дека знам што зборувам бидејќи бев спортистка. Јас сум негова сестра, го сакам и секако сум пристрасна, но ова не е време за збогување. Неговите очи не ми даваат таков впечаток“, вели Вероника Буфон во интервју за „Тутоспорт“.
Таа се потсети и на 2006 година, кога тој реши да остане во Јувентус и покрај тоа што клубот беше пратен во втората лига поради „калчополи“ скандалот со местење натпревари.
„Бевме на море и ја дознавме веста заедно. Го погледнав Џиџи и го прашав каде ќе биде следната година. Тој ме шокираше кога ми кажа дека нема да оди никаде. Мислев дека е луд, но кога размислив ги сфатив неговите мотиви. Тоа е мојот брат, едноставно момче кое ги следи своите чувства. Тогаш можеше да игра каде сакаше. Мојот брат секогаш го давал максимумот за Јувентус и Италија“, додава Вероника.
Veronica Buffon (irmã de Gigi) no Instagram: “Essa foto já tem algum tempo ??? época sem preocupações. Parabéns, Gigi” pic.twitter.com/ieHqNfQxbf
— Bianconeri Brasil (@bianconeribra) January 28, 2018
Буфон најави прес за четврток, сите очекуваат дека ќе се пензионира