Top Sport

Лукаку: Како можам јас да се споредувам со Роналдо?

Повратникот во Челси, Ромелу Лукаку вели дека е многу рано да го споредуваат со Кристијано Роналдо, откако Португалецот го постигна својот 110. и 111. гол за репрезентацијата за да постави нов светски рекорд.

Со своите 28 години, Лукаку има 66 гола за Белгија, со што е најблиску до рекордот на Роналдо, но Белгиецот не сака вакви споредби.

„Немојте никогаш да ме споредувате со Кристијано Роналдо, никогаш! За мене тој е еден од тројцата најдобри фудбалери во историјата на спортот. Нема да го рангирам од првото до третото место, но сигурно е таму. Тоа што го оствари во фудбалот за тие од мојата генерација уште претставува нешто исклучтелно. Имав среќа да играм против него во Италија, а сега повторно е во Премиер лигата што е добро за англискито фудбал“, вели Лукаку на прес-конференцијата пред мечот со Чешка, каде што ќе го има 100. настап за Белгија.

Scroll to Top