Македонската фудбалска репрезетација го удвои водството на гости кај Исланд на 2:0, откако на самиот старт на второто полувреме, одличниот Езѓан Алиоски постигна убав гол.
Алиоски, по чиј корнер во првото полувреме, Дарко Велковски не донесе во водство, со овој гол несомнено е играч на натпреварот, во кој би требало да прокнижиме три поени пред да ги пречекаме Романија во Скопје.
Goal! #ISL 0-2 #MKD Ezgjan Alioski (North Macedonia) left footed shot from outside the box to the bottom right corner.(54') #WCQ #WorldCupQualifiers #UEFA #ISLMKD #Qatar2022 #WCQ2022 #WorldCup2022 #football pic.twitter.com/jyqsEbWTPg
— Grim Football ⚽ (@GrimXLive) September 5, 2021