Поранешниот шведски тенисер, Матс Виландер, порачал дека не би сакал Новак Ѓоковиќ да победи на Ју-ес опен. Доколку Србинот го освои турнирот во Њујорк, ќе го комплетира календарскиот гренд слем и со 21 гренд слом трофеј ќе избие на првото место на вчената листа.
„Би сакал тројцата најголеми во историјата на тенисот кариерите да ги завршат со по 20 гренд слем титули. Новак доминираше во Австралија, Надал во Париз, Роџер во Вимблдон. Сите тројца се израмнети. Тоа би бил совршен крај на една ера. Исто така би сакал да видам и некои нови шампиони“, рекол Виландер за швајцарскиот „Бернер Цајтунг“.
Оценувајќи ги шансите на Ѓоковиќ да го освои Ју-ес опен, освојувачот на седум гренд слем титули рекол.
„Би рекол дека шансите на Ѓоковиќ се 49.9 отсто, 50,1 отсто од шансите одат ка неговите предизвикувачи. Играчите кои го предизвикуваат се одлични на бетон, што претставува голема разлика во однос на Париз или Вимблдон. Новак ќе мора да трча и трча, доколку не биде во можност да напаѓа“, заклучил Виландер.