Top Sport

Ограбен домот на Ѓоковиќ во Марбеља

На 23.август, во Марбеља, крадци влегле во домот на Новак Ѓоковиќ. Од куќата биле однесени накит и скапоцени часовници.

Ѓоковиќ, кога се случил грабежот веќе бил во Њујорк. Во куќата, престојувале, неговиот брат Марко и неговиот пријател, познатиот „Јутјубер“, Никола Милошевиќ со девојката.

Сите биле ограбени, останале без пари, накит и часовници.

Инаку, на 23.август, во познатото шпанско летувалиште, биле ограбени 22 од 24 куќи, кои се во сопственост на познати спортисти и јавни личности.

Scroll to Top