Пари Сен-Жермен се надеваат дека ќе го засилат тимот веќе во јануари, откако контактирале со Милан за трансфер на Френк Кеси.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има договор со Милан до јуни 2022, и според италијанските медиуми има огромна разлика меѓу тоа што го бара за да остане на „Сан Сиро“ и тоа што Милан можат да го понудат.
Според „Футмеркато“, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе контактирал со спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, со што Милан ќе избегне тој да замине бесплатно. ПСЖ се подготвени да му ја понудат посакуваната плата од 8 милиони евра, која Милан не е во способност да ја испорача и покрај изјавите на Кеси дека сака доживотно да остане кај „росонерите“.