Поучени од заминувањето на Џиџио Донарума и Хакан Чалханоглу без отштета, во Милан се подготвени да му го продолжат договорот на Тео Ернандез две години пред неговото истекување во 2024.
Во обид да избегнат нова трансфер-сага, која оваа година им се заканува со Френк Кеси, кој бара преголема плата, клубот е подготвен да му понуди подобар договор на Французинот, кој пристигна на „Сан Сиро“ од Реал Мадрид во 2019 за 22 милиони евра и привлече интерес на повеќе клубови.
Според „Тутомеркато“, Ернандез заработува 1.5 милиони евра по сезона, и следата понуда ќе биде сигурно повеќе од двојна од сегашната. 23-годишниот Французин има 83 меча, 15 гола и 14 асистенции од позиција на лев бек, по што го заслужи првиот повик во репрезентацијата овој месец.
Milan, presto l'offerta per il rinnovo di Theo Hernandez: attuale scadenza nel 2024 https://t.co/dLT9kGWbF3
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) September 7, 2021