Top Sport

Барса до Миротиќ: Ако не прифатиш намалување на плата ќе ти го раскинеме договорот

Финансиските проблеми со кои се сочува фудбалскиот клуб Барселона, имаат влијание и во кошаркарската секција. Клубот го намали буџетот за претстојната сезона, но има еден голем проблем. Најплатениот играч во европската кошарка, Никола Миротиќ, одбил да преговара за намалување на платата.

Локалните медиуми од Барселона, тврдат, дека Миротиќ и покрај уцените од клубот дека ќе му го раскинат договорот, нема намера да се откаже од она што му следува според договорот.

Миротиќ има договор со Барселона до крајот на сезоната 2024/2025. Поранешниот шпански репрезентативец, според договорот има годишна плата од 4.500.000 евра.

Пред да се врати во Европа, Миротиќ одби 45 милиони евра од Јута Џез, за четири годишен договор.

За разлика од Миротиќ, Алекс Абринес и Кори Хигинс, се согласиле платите да им бидат намалени.

Scroll to Top