Top Sport

Гризман го започна својот втор мандат во Атлетико

Антоан Гризман, вчера со два гола и ја обезбеди победата на Франција над Финска, а претпладнево го започна својот втор мандат на „Ванда Метрополитано“. Гризман, во последните минути од преодниот рок ја напушти Барселона и се врати како позајмен играч во Атлетико Мадрид.

Грзиман со насмевка на лицето, се поздрави со новите соиграчи и со тренерот Диего Симеоне, кој најмногу инсистираше на неговото враќање во клубот.

Гризман, во 2019 година замина од Атлетико. Барселона ја активираше неговата откупна клаузула од 120 милиони евра. Атлетико, по истекот на позајмицата, ќе може да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.

Scroll to Top