Копачките на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах ќе бидат поставени меѓу најценетите египетски експонати во Британскиот музеј во Лондон во египетската колекција.
„Адидас Х17 дедли страјк“ копачките на Салах се донирани на музејот и ќе бидат достапни за посетителите пред финалето од Лигата на шампионите следната недела. Оваа одлука музејот ја донесе откако Салах стана најдобар стрелец во Премиер лигата.
Инаку, во египетската колекција на Британскиот музеј се и славни артефакти како дрвената статуа на фараонот Тјети од 2.000 години п.н.е., бистата на Аменхотеп од 1.3500 години п.н.е., Каменот од Розета од 196 година п.н.е.