Top Sport

Допингуван ја креираше една од најголемите сензации во квалификациите за СП

Репрезентативецот на Казахстан, Руслан Ваилулин, со два гола, ја режирапе сензацијата против Украина во квалификациите за пласман на Светското првенство. Натпреварот заврши 2:2, а Ваилулин вториот гол го постигна во 97.минута.

По мечот Казахстанците дознале дека фудбалерот бил позитивен на допинг.

Валиулин бил позитивен на тестот направен на 12.август, по дуелот Жилина-Тобол во Лигата на конфедерации. Фудбалскиот клуб Тобол, чии играч е Валиулин, дури на 2.септември, ден по натпреварот Казахстан-Украина, го известиле Фудбласкиот сојуз.

Според правилата на УЕФА, Казахстан не може да биде казнет, што значи дека Украина не може да го добие натпреварот со службен резултат. Според правилникот на УЕФА, клуб не може да биде казнет со само еден допинг случај.

Scroll to Top