Швајцарската банка УБС користејќи технологија за предвидување на движењето на берзите, оцени дека Германија има најголеми шанси да стане светски шампион во Русија.
Алгоритмите, кои обично се користат за одредување на инвестициските можности, оцениле дека Германија има најголеми шанси за титулата од дури 24 отсто. Од банката признаваат дека системот не е „совршен“, но велат дека клучните променливи се одредени.
„Без разлика дали се анализираат глобалните пазари или фудбалските турнири, луѓето се пристрасни кон локалните фаворити“, вели Марк Хефеле, одговорниот за инвестиции во УБС.
Бразил се втори фаворити пред Шпанија, а изненадувачки Англија е на четвртото место со 8.5 отсто шанси да го кренат трофејот во Москва. Сепак, изненадувачки е пропустот што Италија има 1.5 отсто шанси за титулата, иако не се квалификувани за Мундијалот.