Тренерот на РБ Лајпциг, Американецот Џеси Марш вели дека финансиската предност на Баерн Минхен пред мнозинството ривали во Бундеслигата значи дека тие немаат фер шанса да ги победат, посочувајќи го малиот клуб, Арминија Билефелд.
Баварските гиганти беа сопрени за 3:3 реми од клубот од Северна Рајна-Вестфалија минатата сезона и покрај огромната разлика во буџетите. Откако неговите Лајпциг загубија со 1:4 од Баерн, Марш вели дека не ја сфаќа финансиската разлика.
„Прочитав дека буџетот на тимот на Баерн Минхен е 30 пати повисок од тој на Арминија. Нема таква разлика во Премиер лигата, во Ла лига или во било која лига. Мислам дека само во Индиската премиерлига (ИПЛ) во крикет има таква разлика меѓу најбогатите и најсиромашните клубови. Како Американец, не можам да сфатам како Билефелд може да има фер-шанса против Баерн на долги патеки“, вели Марш.
Пред да се пресели во Германија, Марш работеше во американската МЛС лига, каде што како и во сите американски професионални спортови има обиди да се балансира конкурентноста преку системи како драфтување, во кои најслабите клубови први ги бираат новите играчи за следните сезони. Исто така, за разлика од Европа, во САД нема испаѓање од лигата, со што се губи дел од „опасноста“ на спортот.