Легендата на Рома – Франческо Тоти во интервју за „Gazzette dello Sport” не го криеше воодушевувањето од новиот тренер на својот клуб, Португалецот Жозе Мурињо.
„Во рана фаза сме од сезоната и тешко е да се дадат прогнози, но некои работи уште сега ми се допаѓаат. Самиот факт што Мурињо ја одбра Рома доволно зборува. Тој е многу флексибилен тренер. Освои се, има харизма, играчите го следат, го слушаат. Нема сомнеж дека ќе е најдобриот мотиватор и фигура во соблекувалната“ порача Тоти.
„Кралот на Рим“ е воодушевен од способноста на Мурињо така брзо да се прилагоди на околината.
„Ме воодушеви со способноста што така брзо се вклопи, тој е нашиот громобран, а тоа во град каков што е Рим може да е само одлучувачки фактор“ рече фудбалерот кој постигна 307 во дресот на „волчицата“.
Инаку, по 3 кола во новата сезона во Серија А Рома е со максимален ефект од 9 бода.