Top Sport

ЛШ полувреме: Милер го има удрено „меракот“ на Барса, Баерн води на „Ноу Камп“

Баерн Минхен има 0:1 водство по 45 минути на „Ноу Камп“ против Барселона во дербито на првото коло во Лигата на шампионите, откако Томас Милер, кој вчера го прослави својот 32. роденден го постигна својот 7. гол во мечевите против каталонскиот клуб.

Во реприза на славниот меч од пред две сезони, кога Баерн победи со 8:2 во четврт-финалето на ЛШ, Барселона беше во подредена ситуација од стартот на мечот, а Марк-Андре Тер Штеген со фантастична одбрана спречи обид на Лирој Сане, но потоа немаше шанси кога обидот на Милер во 33. минута заврши во неговиот гол.

Инаку првото полувреме на другите мечеви не донесе многу голови. Јувентус има убедливи 0:3 во Малме со головите на Алекс Сандро, Пауло Дибала (од пенал) и Алваро Мората, додека Вилјареал и Аталанта се на 1:1 – Ремо Фројлер рано ги донесе гостите во водство, пред Тригуерас да израмни за „жолтата подморница“.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО, ПО ПРВИ 45 МИНУТИ

ГРУПА Е

Барселона – Баерн Минхен 0:1

Динамо Киев – Бенфика 0:0

ГРУПА Ф

Вилјареал – Аталанта 1:1

ГРУПА Г

Лил – Волфсбург 0:0

ГРУПА Х

Челси – Зенит Санкт Петерсбург 0:0

Малме – Јувентус 0:3

 

Scroll to Top