Top Sport

Милито: Лукаку ги прекрши своите ветувања кон навивачите на Интер

Легендата на Интер, Диего Милито не штедеше критики за Ромелу Лукаку и начинот на кој тој си замина од „Сан Сиро“ ова лето.

Аргентинецот, кој постигна два гола при славното освојување на Лигата на шампионите во 2010 покрај Горан Пандев, вели дека Белгиецот ги прекршил ветувањата кон навивачите на клубот откако изјавил дека останува во Интер барем уште една сезона, за потоа да потпише за Челси.

„Има една работа која никогаш не ја правиш – не давај ветувања кои не можеш да ги исполниш. Фудбалер како него, кој дал многу за својот клуб, може да замине на друго место, но мислам дека навивачите се навредени поради тие коментари. И јас бев блиску до Реал Мадрид и ПСЖ, но Интер беше начин на живот за мене. Бев на врвот. Бев среќен, бев на ‘Сан Сиро’. Тоа секогаш ќе е домот за мене“, вели 42-годишниот Милито за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top