Менаџерот на Њукасл, Стив Брус, има тешка задача да го одржи редот во соблекувалната на претпоследниот тим во Премиер лигата. Англиските медиуми пренесуваат ека во Њукалс „врие од незадоволство“.
Њукасл, во саботата, доживеаја пораз од Манчестер јунајтед (4:1). Ден по натпреварот, Брус, во анализата на натпреварот на неколку играчи им ги посочил грешките.
Прозваните биле незадоволни, додека дел од играчите го поддржале тренерот.
Веднаш потоа, додека се одвивал тренингот, жестока вербална пресметка имале помошникот на Бурс, Греем Џонс и напаѓачот Двајт Гејл. Вербалната пресметка да прерасне во физичка, спречил капитенот Џамал Ласкалс.
Брус ќе има тешка задача да ја задржи функцијата. Медиумите тврдат дека доколку вчерва не го победи Лидс, сопственикот Мајк Ешли ќе му врачи отказ.