Top Sport

Спијат стрелците во Шпанија, два меча, а нула голови

Попладневните мечеви во шпанската Ла Лига донесоа крајно неефикасен фудбал. На двата меча во Сан Себастијан, односно на Мајорка не беше постигнат ниту еден гол, а голманите имаа вкупно 12 голмански интервенции.

Мајорка на свој терен ремизираше против Вилјареал. Иако гостите имаа повеќе од играта, упатија и повеќе удари, сепак немаше промена на почетниот резултат.

Реал Сосиедад, пак, беше многу поблиску до победата од тимот на Севилја, но и на овој меч мрежите мируваа.

Шпанскиот репрезентативец Ојарзабал промаши пенал за домашниот тим во 27 минута, голманот Боно интервенираше и спаси водство на домаќините. Реал пропушти можност со триуф да избие на врвот на табелата во Ла Лига.

Надежите остануваат во двата преостанати мечеви од денешната понуда, Бетис против Еспањол, односно Веленсија против Реал Мадрид да го поправат впечатокот.

Scroll to Top