Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона за идниот летен преоден рок како главна цел ги има трансферите на Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Дани Олмо (Лајпциг) и Пол Погба (Манчестер Јунајтед).
Најтешка, најскапа и најкомплицирана операција е доведувањето на норвешкиот голгетер кој игра во феноменална форма и во Бундеслигата, но и во Лигата на шампионите.
Челси се обидуваше да го доведе во Лондон во преодниот рок кој заврши неодамна, но во своите редови сакаат да го видат и Реал Мадрид, Манчестер Сити и ПСЖ.
И иднината на Погба во Јунајтед се уште не е извесна, наредното лето завршува неговиот договор, па се уште не е конечно јасно дали ќе го продолжи.
Што се однесува за шпанскиот фудбалер, Дани Олмо тој во моментов е под „стабилен“ договор кај „биковите“, но сепак не е исклучена можноста да се врати во клубот од чија школа потекна.
Многу од сето ова зависи од финансиските можност на клубот од „Ноу Камп“.