Top Sport

Фудбалер се бранел од хулиган, судијата му покажа црвен картон

Фудбалер во Израел кој се бранел од напад на хулиган добил црвен картон. Инцидентот се случил на натпреварот Макаби Петах Тиква-Хапоел Тел Авив.

Хулиганот, успеал да мине крај обезбедувањето, влетал на теренот, удрил еден играч на Хапоел, а потоа бил соборен од Еди Готлиб.

Готлиб кој се бранел од хулиганот, на крајот добил црвен картон.

Целиот инцидент се случил во финишот на натпреварот, па и со играч помалку Хапоел успеале да го одржат резултат 1:1 до крајот на мечот.

Scroll to Top