Винисиус Жуниор е еден од петте најслабоплатени фудбалери во Реал Мадрид, тврди „Гол“, и уште нема преговори за нов договор со бразилскиот напаѓач.
21-годишниот Бразилец е на „Сантијаго Бернабеу“ од 2018 година, кога го комплетираше трансферот од 45 милиони евра од Фламенго. Оттогаш тој има 125 настапи за „кралевите“, а оваа сезона има 5 гола во 7 меча, станувајќи клучен играч во тимот на Карло Анчелоти.
Според „Гол“, тој заработува 3.2 милиони евра по сезона, плата која расте на 4 милиони евра со бонуси, и со тоа е на сума која ја добиваат Дани Себалјос, Хесус Валехо и резервниот голман Андриј Лунин.
Покрај ова, Винисиус беше еден од првите кој прифати намалување на платата на стартот на пандемијата на корона вирусот, и сега во бордот на Реал сметаат дека е потребно да почне да се зборува за нов договор пред истекот на сегашниот во 2024.