Италијанскиот селектор, Роберто Манчини вели дека по освојувањето на европската титула може да се надеваат на и на трофејот од Лигата на нации на УЕФА, но предупредува дека Италијанците не смеат да се однесуваат како Англичаните кои го тетовираа трофејот од ЕУРО 2020 пред да го освојат.
Во октомври се оддржува Фајнал фор турнирот на Лигата на нации и Италија во полуфиналето на „Сан Сиро“ во Милано играат со Шпанија на 6 октомври, а на 7 октомври во Торино се среќаваат Белгија и Франција. Манчини го сака и овој трофеј со малку традиција, но потсети на англиските навивачи кои го тетовираа трофејот пред финалето на „Вембли“, кое го доби Италија.
„Малку суеверие секогаш е потребно. Не смееме да направиме како Англичаните кои веќе го имаа тетовирано трофејот од ЕУРО 2020. Лигата на нации е важен турнир, играме во Италија и се надеваме на победа“, вели Манчини.