Top Sport

Актерката „Елвира“ тврди дека Вилт Чембрлен ја силувал

Актерката Касандра Питерсон, позната по својата улога на „Елвира“, открива дека нејзиниот поранешен пријател, НБА легендата Вилт Чембрлен ја силувал. Во интервју за магазинот „Пипл“, Питерсон го открива „шокантното, засрамувачкото и трауматичното“ искуство, кое е опишано во нејзината нова автобиографија: „Елвира – мемоари на господарката на темното“.

Во книгата таа го опишува нападот кој се случил во вилата на Чембрлен во Бел Ер во 1970-тите, кога ја приморал да имаат орален секс.

„Зошто не врескав, се борев или едноставно си заминав? Кога двометраш од 150 килограми ќе ти го држи вратот, немаш многу опции. Дали требаше да го пријавам во полиција? Се шегувате? Каква шанса има актерка без работа против спортска суперѕвезда. Затоа молчев и не кажував ништо на луѓето“, пишува во книгата.

Чембрлен, кој е сметан за еден од најголемите НБА играчи во историјата, почина од срцев напад на 63 години во 1999 година.

Scroll to Top