Top Sport

Бразил пак ги повика премиерлигашките ѕвезди

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер и дефазивецот на Челси, Тијаго Силва се помеѓу осумте фудбалери од Премиер лигата кои се вклучени во бразилската репрезентација за квалификациските мечеви за СП додека траат преговорите за правилата за карантин.

Премиерлигашите претходно одбија да ги пуштат своите фудбалери овој месец бидејќи при враќањето во Велика Британија ќе требаше да одат на 10-дневен карантин, предизвикувајќи конфликт со репрезентациите кој беше решен по преговорите со ФИФА.

Бразил гостуваат на Венецуела и Колумбија, пред да го пречекаат Уругвај, а четирите земји се на „црвената“ листа во Британија.

Фудбалскиот координатор на Бразилската фудбалска конфедерација, Жунињо Паулиста вели дека премиерлигашите мораат да ги пуштат фудбалерите.

„Имавме неколку состаноци со ФИФА, Премиерлигата и британската влада и верувам дека ќе има решение“, вели Жунињо.

Покрај Силва и Бекер повикани се и Едерсон и Габриел Жесус од Манчестер сити, Емерсон Ројал од Тотенхем, Фабињо од Ливерпул, Фред од Манчестер јунајтед и Рафиња од Лидс.

Scroll to Top