Top Sport

Подигнато обвинение за авионската несреќа во која загинаа фудбалерите на Шапокоенсе

Пет години по авионската несреќа, во која загина речиси целиот тим на Шапокоенсе, истрагата го посочи виновникот за трагедијата.

Една од најголемите спортски трагедии во последните 30 години, се случи во близина на Меделин, Колумбија.

На 28.ноември 2016 година, во авионската несреќа настрада 71 лице, меѓу кои беа фудбалерите, тренерите и менаџерите на Шапокоенсе.

Обвинителството по деталната истрага за виновна ја прогласи Селија Кастедо Монастерио. Таа била одговорна за анализата и одобрување на планот на летање.

„Жена од Боливија, која е специјалист за безбедност, во тоа време не ги испочитувала минималните процедури за безбедност и го одобрила планот за летање. Во програмата должината на летот не бил безбеден за патување“, соопшти полицијата од Корумба, град кој се наоѓа на границата помеѓу Колумбија и Боливија.

Монстерио ќе биде притворена во Корумба, а потоа ќе биде екстрадирана на властите во Боливија.

Scroll to Top