Судијата Андреа Фелис дозна дека неговата професија носи и одредени опасности, откако доби бокс од тренерот на Карпињано во Италија, кој потоа се извини за потегот и си даде оставка.
Тренерот Џовани Алоси го нападна судијата на мечот против Олеџо Кастељо во Прима категорија, седмото ниво на италијанската фудбалска пирамида. Мечот потоа беше прекинат, откако тренерот беше незадоволен од 2:0 негативата која ја имаше неговиот тим.
Тренерот веднаш се извини и си даде оставка.
„Не барам оправдување. Мојот гест не беше прикладен на тоа како го разбирам фудбалот, и не смееме да дозволиме тензијата да донесе вакви работи. Се срамам за инцидентот и кога ја видов снимката не можев да се препознаам. Му се извинувам на судијата, и го направив тоа лично по крајот на мечот. Младите фудалери не треба да ги следат примерите како мојот“, изјави тренерот Алоси.
Oggi a Carpignano pic.twitter.com/Xwa2yn9KTb
— Wazza © (@Wazza_CN) September 26, 2021