Поранешното крило на Барселона, Ибрахим Афелај вели дека е шокиран што неговиот поранешен соиграч од холандската репрезентација, Рајан Бабел реши да го навредува со рап песна.
Двајцата играа заедно за Холандија во 13 меча, и додека 34-годишниот Бабел уште игра во Галатасарај, 35-годишниот Афелај се повлече од спортот во јануари како фудбалер на ПСВ Ајндховен. Бабел, покрај фудбалот, е и рапер, и реши да го навредува Афелај, кој стана ТВ-коментатор.
„Брат, не те знам од Барса, можеби од ПСВ. Ох, сега си аналитичар? Така, така… Слушнав во ходниците дека си без пари, брату. Кажуваш работи за луѓето и веќе нема код на братство. Но, сфаќам дека кариерата ти заврши во ќорсокак“, вели Бабел во својата песна.
Аефелај вели дека е изненаден.
„Го познавам само од холандската репрезентација и таму секогаш беше океј. Немам ништо лошо да кажам за него и затоа сум изненаден“, вели Афелај.