Волфсбург, германскиот фудбалски клуб кој зад себе го има спонзорството на еден „Фолксваген“ успеа да избори опстанок во Бундеслигата откако го победи Кил и во вториот меч од баражот.
Волфсбург на својот стадион стигна до 3:1 победа, за вечерва при гостувањето во северна Германија да успее да стигне до нова 0:1 победа благодарение на голот на Робин Кнохе во 75. минута од мечот.
Од Бундеслигата оваа година испаднаа Келн (кои оваа сезона играа во ЛЕ), како и Хамбургер, првпат во историјата на клубот. Нови членови на германската елита се Фортуна Диселдорф и Нирнберг.
Фото: ЕПА