Кошаркарите на Кливленд Кавалирс го израмнија резултатот во финалето на Истокот на 2-2, откако ги победи Бостон Селтикс 111:102 во четвртиот меч.
Вториот дуел во Охајо се одвиваше по слично сценарио како првиот, а единствената разлика е таа што Бостон до крајот на полувремето големата предност на противникот од 19 поени, успеа да ја намали на девет коша.
Сепак кошаркарите на Бостон немаа сили за пресврт, иако во второто полувреме константно имаа едоцифрен минус.
Повторно блескаше кај Кливленд Леброн Џејмс тој натпреварот го заврши со 44 поени, 5 скока и 3 асистенции. Џејмс влезе во историјата како играч со најмногу погодени шутеви во плеј-офот. Исто така тој го одигра својот шестти меч во пле-офот во кој постигнал најмалку 40 поени. Претходно тоа му успеало само на Алан Ајверсон.
Покрај Леброн уште петмина играчи на Кливленд реализираа двоцифрен број на поени.
Најефкасни кај Бостон беа Џејлен Браун со 25 поени, Џејсон Тејтум постигна 17, а Тери Розир имаше учинок од 16 поени, 6 скока и 11 асистенции.
Наредниот натпревар на програмата е в четврток од 2:30 часот во Бостон.