Top Sport

По 2.898 дена, Милан даде гол во ЛШ на „Сан Сиро“!

Седумкратниот европски шампион, Милан по пауза од речиси 8 години (2.898 дена), постигна гол на својот „Сан Сиро“ во Лигата на шампионите, откако Рафаел Леао ги донесе во водство од 1:0 против Атлетико мадрид во 19. минута од мечот.

Убавиот гол на Бразилецот од далечина дојде по асистенција на Брахим Дијаз, и е прв гол кој е постигнат на „Сан Сиро“ во меч од ЛШ за Милан од тој на Робињо при 1:1 ремито со Барселона на 22 октомври 2013 година.

Да потсетиме, Милан се врати во ЛШ по седум години отсуство оваа сезона.

Scroll to Top