Top Sport

Кристијано асистираше, Шериф со шокантно водство на „Сантијаго Бернабеу“!

Лигата на шампионите честопати пишува неверојатни приказни, но ниту најголемите оптимисти не би поверувале дека Шериф Тираспол, дебитантот во натпреварувањето ќе има водство против големиот Реал Мадрид на нивниот обновен „Сантијаго Бернабеу“.

Но, и тоа се случи. Узбекистанецот Џасур Џакшибаев во 25. минута од мечот доби асистенција од Кристијано (познато име, но непознат фудбалер за фановите на Реал), за да го матира Тибо Куртоа за сензационално отварање на натпреварот.

Scroll to Top