Top Sport

„Меси го постигна првиот гол за Партизан!?“

ПСЖ во дерби мечот го победи Манчестер сити со 2:0. Идриса Геј го постигна првиот, а Лионел Меси вториот гол за „светците“.

Голот на Меси го обиколи светот, сите светски медиуми на свој начин ја пренесоа информацијата.

За голот извести и државната телевизија на Србија, РТС, но водителката направи лапсус, кој стана хит на социјалните мрежи.

„ПСЖ го победи Манчестер сити со 2:0, во блокбастерот од второто коло во Лигата на шампионите. Лионел Меси го постигна првиот гол во дресот на Партизан“.

Scroll to Top