Европската фудбалска унија (УЕФА), му наложи на фудбалерот на АЕК, Огњен Врањеш, да ја покрива тетоважата на четничкиот војвода, Момчило Ѓуриќ, додека ги игра натпреварите.
УЕФА покрена истрага по дуелот на АЕК и Вележ, одигран во Мостар, во второто квалификациско коло, во Лигата на конференции.
Одлуката на УЕФА е дека Врањеш мора да ја покрие спорната тетоважа на раката, бидејќи таа „повикува на фашизам“.
Доколку Врањеш ја игнорира оваа одлука ќе се соочи со парична казна или суспензија.