Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Пеле, наскоро ќе ја напушти болницата. Веста ја потврдила неговата ќерка, Кели Насименто.
Пеле, имал операција, кога му бил отстранет туморот на дебелото црево. И покрај тоа што операцијата поминала во најдобра ред, тој повторно бил вратен во одделот за интензивна нега.
Сега тој целосно закрепнал.
Пеле, на 23.октомври, ќе наполни 81 година.