Идниот вторник, на 5. октомври легендарниот шпански кошаркар По Гасол закажа прес-конференција, а шпанските новинари се убедени дека центарот на неа сака да го објави своето „пензионирање“.
Гасол минатата сезона неколку месеци настапуваше за Барселона, а со Каталонците загуби во финалето на Евролигата. Неславна авантура имаше и со „Фуријата“. Настапи на Олимписките игри, но Шпанија беше елиминирана во четвртфиналето.
По Гасол има 41 година и голема кариера зад себе, крунисана со два НБА прстени освоени со Лејкерси.
Во националниот дрес трипати беше европски првак, а во 2006 година стана и светски шампион.
Играше за Барселона, Мемфис, ЛА Лејкерс, Чикаго Булс и Сан Антонио Спарс. Кариерата му трае 23 години.