Пријателството помеѓу поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун и контроверзниот поранешен шеф на Бенетон и Рено, Флавио Бриаторе, очигледно оддолеа на годините и на сите несогласувања во спортот и во животот.
90-годишиот Еклстоун го искористи одморот на Ибица со својата сопруга Фабијана Еклстоун и со едногодишниот син Ејс, да се дружи со 71-годишниот Бриаторе, кој беше познат колку по улогата во Ф1, толку по репутацијата на плејбој.