Top Sport

Салернитана ја победи Џенова – Пандев играше 20 минути

Фудбалерите на Салернитана ја забележаа првата победа оваа сезона во Серија А. Екипата од Салерно, во првиот меч од саботната програма во Италија, ја победи Џенова со 1:0.

Натпреварот на стадионот „Аречи“, во Салерно, беше решен во второто полувреме, кога единствениот гол го постигна репрезентативецот на БиХ, Милан Ѓуриќ.

Салернитатна со овој триумф избега од последната позиција, на која сега се наоѓа Каљари. Џенова остана на пет бода.

Горан Пандев за Џенова одигра 20.минути, на теренот влезе во 74.минута.

Scroll to Top