Депортиво Ла Коруња потврдија дека Кларенс Сидорф заминува од тренерската позиција во клубот, откако тие испаднаа од Ла лига.
Сидорф дојде на „Риазор“ во февруари, но оттогаш донесе само две победи за тимот од Галиција, кого го очекува тешка сезона во Сегунда. 42-годишниот Холанѓанец има договор до крајот на јуни и нема да добие продолжување.
„Беше вистинска чест да се бранат боите на историски клуб како Депортиво. Благодарам на претседателот и на сите професионалци во Депор за нивната работа овие месеци“, изјави поранешниот фудбалер на Милан.
Сидорф исто така имаше кратки неуспешни тренерски работи во својот поранешен клуб Милан и во кинескиот Шенжен.
Фото: ЕПА