Top Sport

Кро кап ја напушти болницата, се враќа за шест месеци

Мирко Филиповиќ, многу попознат како Кро кап, вчера ја напуштил болницата Св.Катарина, каде што му е извршена операција на левото колено. Познатиот ММА борец, за порталот „Индекс“, рекол дека се здобил со парцијална раптура на медијалните колатерални лигаменти, односно дека ги скинал предните вкрстени и менискофеморални лигаменти во коленото.

Операцијата била успешно извршена, рехабилитацијата ќе трае најмалку шест месеци, но тој не ја исклучува можноста да се врати во рингот и порано.

„Во лонгета сум и така ќе биде едно три-четири недели. Морам да се движам со патерици. Ова сега е најлошиот период, ќе полудам. Лекарите велат дека рехабилитацијата ќе трае шест месеци, тоа е некаков просек. Имам искуство со ваква повреда. Среќа е што се наоѓам во добра форма, физички сум подготвен беспрекорно и ќе направам се што е можно побргу да се рехабилитирам“, рекол за „Индекс“, Филиповиќ.

Поради оваа повреда, Филиповиќ, ја откажа борбата со Рој Нелсон, но на ја исклучува можноста да се врати во рингот веќе во октомври.

„Реално е , зошто да не? Повреди се случуваат секој ден. Мечека напорна работа. Жал ми е за навивачите што купија влезници, се надевам дека ќе ќе им го надоместиме тоа. Бев под адреналин поради повредата, размислував за борбата, најмногу за тоа дека ќе ги разочараме луѓето. Но, Белор ќе чека“, дополнил 43-годишниот Филиповиќ.

извор и фото: index.hr

Кро кап е посериозно повреден, се откажува дуелот со Нелсон

Scroll to Top