Top Sport

Милан за млад играч на Црвена звезда понудиле 5 милиони евра

Фудбалскиот клуб Милан испратил конкретна понуда до Црвена звезда за младиот фудбалер Марко Лазетиќ. Од „Сан Сиро“, понудиле пет милиони евра и сега чекаат одговор од Белград.

Лазетиќ е означен како супер-талент. Од лани го следат скаутите на големите клубови. Од Милан, интензивно ги следат неговите партии од почетокот на сезоната, емисари на клубот од Милано биле и на дербито со Партизан.

Тие биле задоволни од она што го виделе, поради што клубот испрати конкретна понуда.

Лазетиќ блескаше потоа и во младинската Луга на шампиони, постигна два гола на гостувањето кај Сент Патрик.

Лазетиќ, во јануари ќе наполни 18 години, тој има договор со Црвена звезда до јуни 2024 година.

Scroll to Top