Top Sport

Ѓоковиќ се вакцинирал против ковид-19?

Новак Ѓоковиќ, во јавноста познат како противник на вакцинацијата против ковид-19, се вакцинирал против овој вирус. Ова го тврди американскиот порал „Sportskeeda“.

Ѓоковиеќ е еден од оние тенисери, како Медведев, Циципас, кои сметаат дека секој човек сам треба да реши дали ќе се вакцинира или не, ане да му се наметнува таа одлука.

Тој се наоѓа во опасност дека нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, откако властите на сојузната држава Викторија, донесоа одлука за вакцинирање на сите спортисти и спортски работници.

Сепак, Американците тврдат дека Ѓоковиќ во меѓувреме се вакцинирал.

Ова го откриле кога го забелжале Ѓоковиќ на фестивалот „Самерстејџ“ во Централ парк. Влез на фестивалот бил дозволен само со потврда за вакцинација.

Scroll to Top