Top Sport

Убиен поранешен младински репрезентативец на Грција

Грчката полиција го нашла телото на поранешниот младиснки репрезентативец, Никос Цуминас. 31-годишниот фудбалер, вчера бил пријавен за исчезнат.

Полицијата го пронашла автомобилот, во кој било телото на Цуминас, во пристаништето Неа Крини, во близина на Солун. Според грчките медиуми, фудбалерот бил задавен.

Цуминас на 13.септември се вратил во матичниот клуб, Македоникос. Во кариерата играл за Пантракикос, Аполон, Виерија, Керкија, Шкода и Арис.

Scroll to Top