Top Sport

Златан знае кој ќе биде шампион во Италија

Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена го прослави 40.роденден. На роденденската забава, во еден хотел во Милано, беа голем број гости, меѓу кои и негови поранешни соиграчи.

Славеникот го прашеле кој ќе ја освои титулата во Серија А оваа сезона. Ибрахимовиќ одговорил, како што тоа често го прави, во трето лице.

„Во кој клуб игра Златан? во Милан? Тогаш Милан ќе биде шампион“.

По седум кола во Серија А, лидер на табелата е Наполи со максимален ефект, Милан го следи со два бода помалку.

Ибрахимовиќ, поради повреда, од почетокот на сезоната има одиграно само 30 минути.

Scroll to Top