Рускиот претседател Владимир Путин следната година може да игра хокеарски меч на Северниот Пол, објави поранешната НХЛ ѕвезда, Вјачеслав Фетисов, кој сака поддршка од големиот хокеарски фанатик Путин за случката на Арктикот.
Фетисов, кој беше именуван за амбасадор на добра волја на Обединетите Нации за Арктикот и Антарктикот, планира посебен хокеарски меч во март или април следната година во обид да се крене свесноста за глобалното затоплување. Двократниот олимписки шампион вели дека ќе го убеди Путин да игра.
„Сметаме на рускиот претседател на тој меч, сигурно. Можеби ќе поканиме и луѓе кои не се хокеари, за да се зголеми профилот на мечот“, изјави Фетисов во Москва.
Фетисов планира меч во „Барнео Арктик“ базата на Русијам која се наоѓа на огромна санта мраз во близината на Северниот Пол. Досега тој вели дека добил позитивни одговори од хокеари од Канада, САД, Норвешка, Финска, Данска, Шведска и Исланд.