Дваесет и четири репрезентативки на Венецуела, преку социјалните мрежи, го обиниле поранешниот селектор Кенет Серементе, за сексуално вознемирување. Репрезентативките, поранешниот селекторот го нарекле „чудовиште“.
„Решивме да го прекинеме молкот и да ја откриеме вистинската слика за поранешниот селектор, кој во текот на својот мандат физички и психички ги малтретираше фудбалерките и сексуално ги вознемирувал“, напишале репрезентативките на Венецуела за 55-годишниот тренер, додавајќи дека многу од нив ги малтретирал и дека ги уценувал со местото во националниот тим.
„Минатата година една колешка призна дека Серемента сексуално ја злоставувал кога имала 14 години“, тврди фудбалерката ан Атлетико Мадрид, Дејна Кастељанос.
Серемента е роден во Панама, но има и пасош на Венецуела. Тој бил селекторот во неколку возрасни категории во репрезентацијата на Венецуела, во периодот од 2008 до 2017 година.
Во моментов тој е селектор на женската репрезентација на Панама.