Дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба признава дека во секој натпревар посакува пораз на Реал Мадрид, што значи дека во сабота ќе навива за Ливерпул во финалето на Лигата на шампиони.
„Сакам Ливерпул да победи. Сите фанови на Барса сакаат Мадрид да загуби, исто како што сите навивачи на Мадрид го посакуваат истото за Барселона. Тоа е животот и така треба да биде. Ќе го гледаме финалето и ќе се надеваме подобриот тим да победи бидејќи не ни е потребна драма. Ова е само фудбал и ќе спијам мирно што и да се случи“, вели Алба.
Тој признава дека многу шпански репрезентативци доаѓаат од Реал Мадрид и дека ривалството меѓу клубовите нема врска кога се игра за националниот дрес.
„Односите се сосема добри, а атмосферата во соблекувалната е многу добра. Сите едвај го чекаме Светското првенство за да докажеме дека сме најдобри“, додава Алба.