Мартина Хингис, швајцарската тенисерка која најави дека се повлекува од тенисот по 25 гренд слем титули (од кои 5 во сингл), била вистинска инспирација за Роџер Федерер и му помогнала да стане шампион.
Федерер, кој во 2001 година победи на Хопман купот во Перт, Австралија заедно со Хингис, вели дека знаел од почетокот на годината дека Хингис планира да се повлече и затоа не е тажен, и додаде дека таа е една од причините за неговиот успех.
„Мартина делумно беше таа која ми покажа како се прави тоа. Беше фантастично мала држава како Швајцарија да има таков шампион. Имавме среќа со неа. Секогаш беше пријателски расположена. Не сум тажен, бидејќи беше во тенисот толку долго и беше сигурна во одлуката. Секогаш ќе останам нејзин навивач“, вели 19-кратниот гренд слем шампион.