Top Sport

Тим од 39 луѓе работи на имиџот на Винисиус жуниор

Бразиелцот Винисиус жуниор е еден од оние фудбалери кои треба да бидат „лицата“ на Реал Мадрид во наредната деценија. Клубот и спонзорите, работат со полна пареа за да ги наплатат максимално неговите фудбалски вештини.

„Марка“, пишува дека на „брендингот“, на 21-годишниот фудбалер работи тим од 39 луѓе! Од овој тим кој работи на имиџот на фудбалерот од Рио де Жанеиро, 12 се задолжени за уредувањето на неговиот профил на социјалните мрежи.

Винисиус на „Инстаграм“ го следат 12 милиони луѓе.

Винисиус жуниор е член на Реал Мадрид од 2018 година. Неговиот трансфер од Фламенго изнесуваше 40 милиони евра. За „кралскиот клуб“ досега одиграл 128 натпревари, постигнал 20 голови.

Scroll to Top